• Welcome to Renault Club - Macedonia. Please login or sign up.
avatar_Аdmin

Дали MPV се подобри од SUV возилата?

Started by Аdmin, May 27, 2020, 02:53 PM

Previous topic - Next topic

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Дали MPV се подобри од SUV возилата?

Да
4 (100%)
Не
0 (0%)
Не знам
0 (0%)

Total Members Voted: 4

Аdmin

Scenic/Grand Scenic се можеби најпопуларните MPV возила. Дали се подобри од SUV возилата, гледајте го Јурај Шебаљ, коментирајте и гласајте.  ;)


https://www.youtube.com/watch?v=LYQ8sfTi-T0

Аdmin

Конечно излезе и POV видео од Scenic 4 со TCe мотор и 160hp.


https://www.youtube.com/watch?v=qCNMMPgvDyE

Nikolche Jovanoski

Монгу подобри се МПВ возилата него СУВ. СУВ можи вода да му носи на МПВ за простор корисност и комфор. Се разбира се додека се мисли на возење градски и приградски патишта а не оф роад.

Аdmin

avatar_Nikolche Jovanoski голема штета што толку голем замав имаат SUV, а се тоа се направи штета на MPV возилата. Нема потреба да страда одредена категорија само поради друга да има доминантен пазар затоа што со текот на времето модата поминува и се надевам повторно да се вратат во развој овие возила. Не само кај Renault туку и кај другите производители.

Што се однесува до начинот на возење, јас не знам кога би одел на Off-road патување. Претежно сум во град и на автопат. За такво патување мене ми треба сигурност, прегледност, удобност и економичност... во овој момент моето Scenic 2 ептен ми врши работа и се надевам дека наредно повторно ќе биде Scenic, но последна генерација.  :-\

Nikolche Jovanoski

Имаш право дека голем замав зедоја самите SUV но тоа е тоа што европа тежнее со изборот како на запад мислам да бидиме реални до скоро немаше SUV со 3 реда седишта. За тоа постоеја MPV ама во USA мажите не сакаа да возат MPV оти тие се за Soccer Moms  па за да им се задоволи потребата ги направија SUV со 3 реда седишта инаку таму Escellade или Yukon  или останатите модели никогаш немале и не се користеле со 3 реда седишта. И за жал веќе и самиот пазар во европа дојде како да нема свој избор или свое мислење само следиме како се движи западот така и кај нас. А за разлика од SUV, MPV-то е 10 пати полесно за возење прегледно исто така кога стигнеш до целта си одморен за разлика од SUV-то да добиваш 3 реда седишта ама исто така добиваш и кутија во интериерот а не кабина или простор катастрофа се според мене SUV  во споредба со MPV-то.

Аdmin

Еве најнова вест, Рено целосно прекинува со производството на Scenic, а истото ќе се однесува и за Espace, но не се откажува од нивното име. Сите други модели што ќе ги прават ќе бидат базирани на Scenic.

Превод од google.translate:

QuoteRenault abandons the Scenic model, but not necessarily the name

The days of Renault Scenic are over. We will not see the fifth generation of the family minivan, but the French brand does not necessarily want to give up the model name.

Renault intends to leave the minivan market and abandon the Scenic model. The Espace model also awaits a similar fate. Currently, the fourth generation Scenica is offered in showrooms, and on the Polish market we can only find a larger version of the Grand. Last year, the car underwent a minor facelift, but we cannot count on a successor. The French brand is aware of the decline in popularity in the segment and does not want to go in a direction that is not profitable for the Group.

"The segment is shrinking year by year and sales of SUVs are growing," said the Group's CEO at the general meeting. Luca de Meo, who worked for Renault at the time when Scenica was developed, believes that "like all good things in life, things come to an end quickly. The cycle lasted over 20 years, it's time to move on to other things. "

Извор: https://francuskie.pl/renault-rezygnuje-z-modelu-scenic-ale-niekoniecznie-z-nazwy/

Е сега, што не се откажат од hot-hatchback-и како што се откажуваат од MPV? Од Megane исто се откажуваат ама го враќаат Renault 5... и што смениле? Името?  ???

Аdmin

Како се одвивала продажбата на Renault Scenic/Grand Scenic од почеток до крај? Подоле е линкот и навистина голема штета што е прекинато ова производство затоа што овие возила со години имаа верни корисници на овој конкретен модел. Еден од нив сум и јас и за жал новото возило за мене нема да биде Scenic.  :(

Што се случи со SUV возилата одеднаш така да земат голем замав до таа мера да го натераат Renault да прекине со Scenic, навистина не знам. Како што еден ,,колега" во MPV сегментот вели SUV- Stupid Useless Vehicles.

https://carsalesbase.com/europe-renault-scenic/

🡱 🡳