Mar 04, 2021, 06:55 PM

News:

Follow us:


avatar_Аdmin

Зимски гуми

Started by Аdmin, Nov 04, 2020, 08:43 PM

Previous topic - Next topic

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Don

Quote from: Аdmin on Dec 12, 2020, 01:26 AMПа и не се така достапни.
Иако на официјална страна имаат направено хрватска и словенечка верзија, сепак гумите доаѓаат од Италија. Моите се Made in Italy.  :)))
https://www.bridgestone.eu/

Најблиско претставништво е мислам Косово. Во Словенија има само еден вулканизер што се води како овластен добавувач мада и другите стигнуваат брзо до Италија/Хрватска со нарачки.

А другите како GoodYear или Sava имаат многу повеќе можности да отворат претставништва. На јапонциве помалку му се инвестира, во Америка ги имаат Firestone и доста податоци земаат од нив за како да ги прават моделите на новите гуми на Bridgestone. Така и другите помали производители соработуваат со нивните ,,претпоставени" компании што ги имаат преземено.

Генерално Bridgestone од секогаш биле потешко достапни, мада јас моите ги најдов ,,од денес-за утре".  :-\
И Dayton-от се made in Italy 😉 само од бучните ставиле во пратката 😬

Аdmin

На LM005 имаат ознака C за потрошувачка, A за дожд и 71db бучност.
Ова е слика од моите гуми кога ги земав:



За Dayton најдов ваква слика од некаков оглас што ми го даде гугл и вика F за потрошувачка, C за дожд и со 72db бучност.
Сепак тоа што ,,трошат" повеќе гориво значи дека и повеќе можат да ,,гребат" на патот, но и имаат подобар допир со асфалтот и најверојатно поради тоа имаат поголема бучавост иако помеѓу LM005 и DW510 има само еден децибел разлика. Гребењето со асфалтот или ,,грипот" популарно што се употребува исто се однесува и за трајноста односно колку материјал од гумата ќе остане на асфалтот. Тоа е една од карактеристиките што се разликуваат премиум гумите од останатите гуми.

https://autoplius.lt/skelbimai/dayton-dayton-dw510-evo-italy-ziemines-205-55-r16-12433165.html



За волја на вистинаат оваа гума ја најдов по цена од 253 евра? ???
https://www.liderpnevmatik.si/avto-pnevmatike/dayton/dw-510/195-55-r16-87h-192142

Don

https://evropagumi.com.mk/gumi/auto/dayton-dw510-evo-17473.html
DAYTON DW510EVO, производ на BRIDGESTONE, спаѓа во економичната класа на пневматици, но се карактеризира со 15% поголема издржливост, во однос на зимските пневматици од својата класа, како и со константно ниво на перформанси во текот на нивната експлоатација. Се карактеризираат со мала бучавост и добра издржливост.
Но мислам дека Sava eskimo hp2 се далеку подобри

Аdmin

Sava Eskimo HP2 се докажани на овие простори, згора на тоа имаат многу солидна цена и затоа се доминантни на пазарот. Описот на Dayton за бучавоста не е ист со твоето искуство при поголема брзина. Можеби и не треба да се форсираат гумите со поголема брзина, тоа подобро ти можеш да одредиш какви се за возење. Можеби на снег и мраз се многу добри и тука е компромисот. Да ги возиш поспоро на сув асфалт, а да имаат сигурност на мраз и снег.

Е сега цената на словенечката страна ми беше астрономска, особено кога веќе дознавме дека Dayton се преземени не од било кого туку од Bridgestone. Чудно е како може Dayton да биде поскапа од Bridgestone, но тоа може да се случи евентуално за гуми за камиони или други потешки возила.

Пробај вози ги и ќе правиш разлика. Sava Eskimo HP2 нема промашување, секој што ќе ја земе да згреши. Како што пиша претходно, ги монтираат и на поскапи/понови коли како Мерцедеси и Ауди. Работата е што сите сакаме да експериментираме, добро е денес може секој да се потпре и да пробува затоа што скоро сите помали брендови од средна класа веќе се преземени од премиум брендовите за да можат да конкурираат кај што поголем број на корисници.

Аdmin

Еве го постот и понудата за Sava и Matador во Македонија. И двата бренда имаат солидни понуди, мада јас и понатаму ќе си терам на Bridgestone:

https://www.facebook.com/ht.automotive.sk/posts/852550562117109?__cft__[0]=AZWTOCM78N6A_mxNzI6QqWtnqK5HVpTlW9oMpZ_6u9KaPwkgZjwa03KpkdwKHPCIsYQbUwCF7DTlxrHUEzrQcnZDIoZf9nwBTh0tQvj1HBEIi0PsQWv3McXDCGUqjCXVaI1odycd873bf_gqBEBHjzO1U6-NaZpbFbJo4Iai3FV6xhhQJzVJJL7db4Pzno7mFzc&__tn__=%2CO%2CP-R

Don

Dec 17, 2020, 04:13 PM #20 Last Edit: Dec 18, 2020, 09:48 PM by Don
Quote from: Аdmin on Dec 12, 2020, 01:02 AMПосле сменив на Fulda и ми се истрошија за два месеци. Од тогаш си реков уште еднаш не земам Fulda мада тоа беше многу одамна, најмалку 10 години ми поминаа откако земав Fulda. 
Јас па се мислев помеѓу Fulda  и Sava, и двете гуми се од групацијата на Goodyear, но се одлучив за Sava

Аdmin

Од тогаш до сега помина доста време, има многу што возат на Fulda, сепак исто како тебе повеќе би се потпрел на Sava... шо знам... ќе ми треба многу за повторно да купам Fulda. Сега со Bridgestone мислам дека не би сменил на други за моето Scenic 2... ептен се погодија да чукнам во дрво.

🡱 🡳