Mar 05, 2021, 10:46 PM

News:

Follow us:


avatar_Аdmin

Зимски гуми

Started by Аdmin, Nov 04, 2020, 08:43 PM

Previous topic - Next topic

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Аdmin

МАКЕДОНИЈА - остануваат уште 10-тина дена пред почетокот на зимската сезона – од 15 ноември 2020 до 15 март 2021 година.

Постојат многу ,,искусни" возачи кои сметаат дека нема разлика помеѓу зимските и летните гуми, дека тоа е можеби некоја ,,завера" на производителите на гуми колку само да земат повеќе пари, но поентата е дека не постои завера и дека постојат разлики. Како и секоја друга ситуација со брзо возење така и зимските гуми не можат да скршат некои закони на физиката затоа што секогаш е многу тешко да се застане во место со многу голема брзина за да се избегне пешак или судар, значи не постои таква компонента на гума која може да спречи такво опасно возење. Тоа значи треба да бидеме разумни и совесни возачи и да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи. Безбедноста нека ви биде секогаш на прво место!  (y)


Во тој правец ја отворам оваа тема и да се придржуваме до правилата да ги замениме летните гуми со зимски. Зимски гуми се оние кои од страната имаат ознака "MS", "M+S", "M&S" или знак на снегулка со три планини позади неа, а дебелината на профилот не смее да биде помал од 4mm. Има голем избор на гуми, но неколку брендови веќе неколку години по ред се борат на самиот врв за зимски гуми и затоа најдобри зимски гуми се последните модели на Bridgestone, Continental, Good Year, Michelin или Nokian. Овие производители трошат милијарди евра само со цел да развијат подобра зимска гума и нема да згрешите доколку земете било кој модел од нив за оваа зимска сезона.


Некои од вас сигурно ќе се обидат да побараат поевтини гуми што е сосема нормално, но треба да имате во предвид дека на тој начин опаѓа и квалитетот на гумата односно тие имаат нешто послаби перформанси во зимски услови. Сепак, не значи дека тоа се лоши гуми и затоа од лично искуство ги препорачувам BF Goodrich gForce Winter 2, но тука се и Kleber Krisalp HP3. Особено добри на тестовите на снег се покажаа Hankook Winter I'Cept RS2.

Она што нема да ви препорачам е да купите буџет гуми кои можат многу да се разликуваат од горе споменатите затоа што тие можат да работат само на одредени временски услови, а на останатите воопшто нема да покажат добри перформанси.

Она што е интересно е дека и All-Season гумите можат да имаат добра улога во зимската опрема. Понекогаш тие можат подобра да одработат во однос на зимските гуми во услови на сув или влажен коловоз особено во места кои нема многу снег или замрзнат коловоз. Значи на сув или влажен коловоз овие гуми можат да покажат многу подобри перформанси отколку зимските, затоа добро е да ги знаете опциите и да ги имате во предвид при изборот на гуми за соодветните временски услови во местата каде живеете/патувате.  ;)


ЗИМСКА СЕЗОНА ВО РЕГИОНИТЕ

СРБИЈА - зимската сезона започнува од 1 ноември и трае до 1 април. Минималната длабочина на профилот не смее да биде помала од 4mm.
Хрватска – зимската сезона започнува од 15 ноември и трае до 15 април. Минималната длабочина на профилот не смее да биде помала од 4mm.
Словенија – зимската сезона започнува од 15 ноември и трае до 15 март. Минималната длабочина на профилот не смее да биде помала од 3mm.

Што се однесува до Словенија, во AMZS секоја година се прават тестови па така и оваа година ги имаат резултатите за најдобрите гуми за 2020 година. Како што пишав погоре, Bridgestone Blizzak LM005 е последниот модел на јапонскиот производител и нема да згрешите доколку го одберете овој модел, на тестот се покажаа како најдобри:

https://www.amzs.si/motorevija/pnevmatike/testi/2020-09-24-amzs-test-28-zimskih-pnevmatik-dveh-dimenzij-205-55-r-16-in-235-55-r-17

ТЕСТОВИ




Don

Бриџстон мислам дека се најдобри за зимски гуми, ги возам на 2 коли, астра Х и 206ка. Со астрата имам поминато 50.000км а со 206ката 30.000км. Минатото зимо за клиото зедов Sava Eskimo hp2 по препорака од пријател бидејќи клиото има чудни димензии 195/55/16 и беа дупло поевтини од Бриџстон лм005 но не се дупло понеквалитетни, напротив еве втора сезона ги возам Савата и сум задоволен.

Аdmin

@Don земав веќе Bridgestone LM005 иако ги гледав и други модели, сепак повеќе сакав да земам ептен ептен квалитетна гума пошто колата претежно ќе се вози на автопат, а помалку во град. Сега веќе и снег и мраз имаме и не сакав да оставам на случајности кога сопругата или јас ќе ја возам колата. За мене безбедноста секогаш е на прво место.

SAVA Eskimo HP2 e High Performance гума и работат по технологија на Good Year така да секако е гума која треба да се земем во предвид поради квалитетот за тие пари. Исто и летните гуми на SAVA не се така лоши, мада да бидам искрен повторно ги гледам Bridgestone T005 или евентуално да видам што нова гума ќе извадат Hankook со моделот на Ventus Prime 4 (k125).

Don

@Admin на другите 2 коли покрај зимските Bridgestone Blizzak LM001 имам и летни Bridgestone Turanza T005, 2ра сезона ги возам и мислам дека се многу подобри и повеќе км ќе поминам од Bridgestone Turanza T001  и B280 кои ги имав претходно.
Сум возел и Firestone Winterhawk 3, катастрофа невидена за 14.000км се излижаа и лизгаа страшно на снег.

Аdmin

@Don не дека не сум решен ама ми се фаворит број еден T005 за летни. ;)
Има и други што ми се вртат на ум ама секако туринг гумата ќе издржи многу повеќе од било која High Performance или UHP гума. Спортските не ми се потребни, возам внимателно и јас и сопругата според правила и прописи, не ни требаат други гуми, а векот на траење во споредба со другите е скоро дупло поголем.

Don

На клиото фабрички има летни  Goodyear EfficientGrip Performance и се многу добри но не се како Бриџстонот Т005, кога ќе ги менувам обавезно ќе земам Т005

Аdmin

Quote from: Don on Dec 11, 2020, 10:23 PMклиото има чудни димензии 195/55/16
@Don убава цена имаш за твојата димензија на Clio-то. Моите за Scenic-от имаат димензија 205/60/16 и се околу 90eur. :'(  Твоите околу 60eur. (y)

Можеби се незгодни димензии пошто се 16 инчи ама сепак цената е солидна за така квалитетни гуми.  ;)

А зимските кога ги ставив како нова кола да возам.   ;) 

Don

@Admin па не се баш 60еур,за мојата димензија 195/55/16 летни Т005 се 6.500ден а зимски ЛМ005 се 6.680ден, Савата екимо хп2 ги зедов 3.100ден плус монтажа

Аdmin

Dec 12, 2020, 12:16 AM #8 Last Edit: Dec 12, 2020, 12:21 AM by Аdmin
Се извинувам @Don , гумите што ги видов беа на продавница надвор од Македонија. :(
После видов дека кај нас тие се цените што ги наведе.
Ги гледав гумите на оваа продавница. https://www.gume-pnevmatike.com

За таа дименција навистина се поскапи за твоја димензија.
Она што ме зачуди е што минимална е разликата за мојата димензија.  ???
Јас зимските ги земав околу 90eur по гума, a толку се и летните T005. Во МКД гумите 205/60/16 се околу 6.200ден.
Не ми е јасно зошто толку голема разлика во цената за твојата димензија?  ???
***************
ЕДИТ: моја грешка, имав погрешна димензија пребарано за твоите гуми. :(
195/55/16 се поскапи гуми од 205/55/16?  ???

Don

Quote from: Аdmin on Dec 12, 2020, 12:16 AM***************
ЕДИТ: моја грешка, имав погрешна димензија пребарано за твоите гуми. :(
195/55/16 се поскапи гуми од 205/55/16?  ???
Па 195/55/16 исто како и 205/60/16 ги сметаат за "нестандардни" димензии и се со мин.20% поскапи.
Имам и Астра Ј со твојата димензија на гуми и зедов зимски Dayton dw510 evo, на поголеми брзини бучат како да возам багер, сеуште немаме мраз и снег да видам како ќе се понашаат

Аdmin

Од таа причина се мислев некое време да сменам на 17 инчи ама после читање коментари излезе дека сите после сакаат да се вратат на 16, па така и јас се предомислив во таа намера.  Димензијата е многу скапа и мислев само мојата е таква. Еве излезе и твојата.  :(


На TyreReviews страната има само неколку мислења за Dayton DW510 и не се така лошо опишани како бучни. Можеби ги возеле баш во зимски услови, а сепак зимска гума повеќе ,,бучи" од летна иако на хартија горе-доле тука се децибелите ама сепак се осеќа. Сега во споредба со други гуми не знам какви се пошто со нив немам искуство, но барем ако се нови ќе тераат и ќе работат подобро отколку некои постари пошто имам сретнато неколку искинати зимски гуми од старост и дотраеност, а староста му била 5-6 години.
https://www.tyrereviews.co.uk/Tyre/Dayton/DW510.htm

Don

Daytonot се многу побучни од Savata а да не оравиме муабет за Bridgestone, генерално гледано сите гуми во класата на Сава се супер за кај нас, зависи дали ќе возиш во град или на автопат по брда и долини 😉.
Имам пријатели кои возат многу појаки и поскапи коли а ставаат Матадор, Нексен, Алтензо, Сава зимски а исто и летни гуми. Еден купи Ауди А6 ново од Порше и одма му стави Сава зимски, друг Меган нов зеде и Матадор стави.
Ете и јас, после Бриџстон ставив Сава и Дејтон

Аdmin

Matador знам уште еден пријател што сеуште ги користи, исто има Scenic ама Grand ги вози и супер му се погодија. По негова препорака ги барав во моја околина на почеток ама не беа достапни и после почнав други да гледам и така завршив со Bridgestone.

Други знаат да земат Michelin и да му се искинат. Понекогаш можеби зависи треба да се погодат.  ???
На претходната кола што ја имав Passat имав Hankook Optimo (all-season) и добри беа. После сменив на Fulda и ми се истрошија за два месеци. Од тогаш си реков уште еднаш не земам Fulda мада тоа беше многу одамна, најмалку 10 години ми поминаа откако земав Fulda. A Hankook иако делуваат како средна класа на гуми, сепак знаат да му парираат на премиум гумите. Истата приказна е со Sava, цена имаат како за средна класа, а квалитет како за премиум. ;)

Don

Добро е тука што ако сакаш премиум гума, главниот увозник за Goodyear, Dunlop, Fulda, Sava заради ситуацијава со вирусов направи е-шоп и Goodyear и Dunlop можеш да земеш за 1000 денари поевтини од гума него Bridgestone.

Аdmin

Dec 12, 2020, 01:26 AM #14 Last Edit: Dec 12, 2020, 01:28 AM by Аdmin
Па и не се така достапни.
Иако на официјална страна имаат направено хрватска и словенечка верзија, сепак гумите доаѓаат од Италија. Моите се Made in Italy.  :)))
https://www.bridgestone.eu/

Најблиско претставништво е мислам Косово. Во Словенија има само еден вулканизер што се води како овластен добавувач мада и другите стигнуваат брзо до Италија/Хрватска со нарачки.

А другите како GoodYear или Sava имаат многу повеќе можности да отворат претставништва. На јапонциве помалку му се инвестира, во Америка ги имаат Firestone и доста податоци земаат од нив за како да ги прават моделите на новите гуми на Bridgestone. Така и другите помали производители соработуваат со нивните ,,претпоставени" компании што ги имаат преземено.

Генерално Bridgestone од секогаш биле потешко достапни, мада јас моите ги најдов ,,од денес-за утре".  :-\

🡱 🡳