• Welcome to Renault Club - Macedonia. Please login or sign up.
avatar_Аdmin

OBD2/ELM327 адаптер

Started by Аdmin, Jun 24, 2020, 02:05 PM

Previous topic - Next topic

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Аdmin

Некој да сподели искуство со овие адаптери... служат за читање на вредности, а не за запишување.
Се наоѓаат во две верзии (1.5 и 2.1)



https://www.aliexpress.com/item/4000155851649.html

George Strezovski

Јас го имам. Верзиа 2.1. Како што е наведено во постот служи само за читање информации и тоа само некои како температура на вода обртометар и брзина на движење. Некои покорисни информации како притисок на турбина вакум и други работи не ги прикажува.
Најдобра алатка за овие работи е RENAULT CAN CLIP.
Ги има сите информации а можеш и да си кодираш резервни клучеви.

Аdmin

avatar_George Strezovski фала за инфо.
Дали со верзија 2.1 може да се чита DPF филтерот во каква состојба е?
Renault CAN CLIP по која цена може да се најде? Сакам да сменам јазик на табла на Scenic 2 од германски на англиски.

George Strezovski

Не сум пробал за DPF ама не верувам дека може. Renault can clip на Aliexpres од 100 до 150 долари. со него можеш се и мануална регенерација на DPF. Промена на јазик секако и можеш да направиш апдејт на ECU софтверот!

Аdmin

Renault CAN CLIP би го земал ако земам уште Renault кола... за сега би го земал само овој адаптер за следење на овие основни параметри. Јазик ќе сменам на сервис, не дека не се разбира германскиот туку полесно е за навигација со англиски.

Која апликација ја користиш со адаптерот?

George Strezovski

Ти праќаат цд со адаптерот но јас ја користев TORQUE PRO. Има повеќе опции :)

Аdmin

За оваа станува збор?
https://play.google.com/store/apps/details?id=org.prowl.torque&hl=en

Пиши што најмногу следиш преку неа... претпоставувам имаме ист мотор.
Моето возило е со линк во потпис.

George Strezovski

Да таа е! Ќе ти направам слики што можеш да следиш. Истиот мотор е само што кај мене е 88kw. И нема DPF филтер!

Аdmin

Фала многу!  :)
Сите тие совети ќе бидат корисни за целиот форум и тие што го следат.  ;)
Кога можеш наведи ги тие информации.  :)

Аdmin

Она што успеав да го најдам како разлики се верзиите на микроконтролерите и нивните firmware-и.
https://elm327scantool.wordpress.com/2018/11/03/differences-between-elm327-firmware-version-1-5-and-2-1/
Дискутабилен дел и кој не ми е јасен е следниот:
QuoteELM327 adapter version 2.1 does not support or does not fully support the ISO9141-2 and ISO14230-4 (KWP2000) protocol, in most cases communication with the ECU is not established.

Ме чуди затоа што во верзијата 2.1 токму овие протоколи се поддржани во линкот од првиот пост.



Сега се прашувам дали да го земам 2.1?
https://www.aliexpress.com/item/4000155851649.html

Аdmin

avatar_George Strezovski Денес седнав и конечно нарачав, но се одлучив за верзија 1.5

Аdmin

Пристигна OBD2 1.5 верзијата, ја нарачав преку eBay. Дополнително ќе споделам искуства со читање вредности.

ivan-mkd

Ajde cekame i da vidime sto se moze so toa :)

Аdmin

Ајде малку да споделам искуство.
Се уште не сум ја возел колата со вклучен OBDII затоа што армрестот во средина помеѓу двете седишта треба да оди скроз назад. Го уклучив колку да го пробам за сега во место со запалена кола и не даде никаква грешка, освен оние со кои имав проблем за вклучување на уредот. Претпоставувам дека контактот беше слаб и затоа не се сакаше да се конектира. Всушност при вклучување на уредот, ESR се исклучи само. После го вклучив и претпоставувам дека првата грешка е резултат на тоа, а другите две се проблем со конекцијата.

Апликацијата која ја користев е CarScanner:
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.ovz.carscanner

Ја има и за други уреди мобилни уреди: https://www.carscanner.info/

Еве слика од грешките:


🡱 🡳