• Welcome to Renault Club - Macedonia. Please login or sign up.
Oct 24, 2021, 01:34 PM

News:

Follow us:


avatar_Аdmin

Летни гуми

Started by Аdmin, May 27, 2020, 10:00 AM

Previous topic - Next topic

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Аdmin

May 27, 2020, 10:00 AM Last Edit: Feb 18, 2021, 11:15 AM by Аdmin
Поздрав клабери,

Ми требаат летни гуми со димезија 205/60/R16, дајте некои ваши предлози или споделете искуства.

Фала. :)

Платано

Пред некој ден ставив 4ри нови гуми TROCMOH 205 55 16 на меганот,се смири цела кола,ко да лебди по  асвалт.Сега за сега сум задоволен,за понатака незнам,но газдата кај што ги местев ме убедуваше дека се подобри од Тигар и Сава,за кој што се двоумев од кој да става ,па ме ме убеди дека Троцмохот се многу подобри као,вика без проблем ќе те служат 5 години

Аdmin

Не се Trocmoh, туку TRACMAX гуми. ::)
Тоа што лебдат на асфалт воопшто не е добра карактеристика и тоа значи дека (ќе) имаат многу слаб контакт со асфалтот. ???
Кој конкретен модел ги имаш?

viktor dimitrov

Летни гуми јас користам LAUFENN веќе неколку години ги пишува дека се под HANKOOK, читав на форуми има доста пофални зборови. Супер се гумите јас сум задоволен, не се бучни воопшто лепат убаво на асфалтот, за долги патувања се одлични, за низ град незнам можеби и не се нај идеални на многу топло време кога вртиш во место оставаат траги на асфалтот

Аdmin

Jun 30, 2020, 10:37 AM #4 Last Edit: Jun 30, 2020, 10:41 AM by Аdmin
Така е, Laufenn се подбренд на Hankook од 2014 година. ;)
QuoteLaufenn Tires first started selling in the United States in 2014 so they've been around longer than you might think. Laufenn Tires are made in Indonesia and are a sub-brand of South Korean tire company, Hankook Tires.

Извор:
https://tiremeetsroad.com/2018/06/03/who-makes-laufenn-tires-and-are-they-any-good/
btw уште не сум земал гуми и во моментов ги гледам токму Hankook Ventus Prime 3 K125. :)
На линкот е гумата што влегува во избор, а на футерот од линкот е поставен линк до Laufenn.  ;)
https://www.hankooktire.com/global/tires-services/passenger-cars/hankook-ventus-prime3-k125.html

Аdmin

Пред објавувањето на ADAC тестовите за 2021 година за летните гуми кои се очекуваат да бидат објавени отприлика 2 недели пред почетокот на летната сезона, да се потсетиме како се одвиваа ланските резултати:

https://www.adac.de/rund-ums-fahrzeug/tests/reifen/sommerreifen/235-55-r17/alle-testergebnisse/

Не очекувам некоја драстична промена во редоследот во првите неколку позиции. Она што можеби сите го очекуваат во средната класа е најавата на новата Hankook Ventus Prime 4 гума. Претходната Ventus Prime 3 доста добро се однесуваше за таа цена/квалитет и во некои сегменти им парираше на премиум гумите па затоа во 2020 година котираше доста високо на тестот.

Остана уште малку време и вулканизерите ќе си имаат доста работа...

Аdmin

Како и што најавивме, излегоа ADAC тестовите за претстојната летна сезона за 2021 година.
Како и што се очекуваше, лидери остануваат Continental/Bridgestone, но она што беше за изненадување е гумата Semperit Speed-Life 3 во категоријата R16 која ги раздвои овие брендови и со ниската цена успеа да му конкурира на вечните премиум ривали.

Тестовите за 205/55/R16 можете да ги погледнете тука:
https://www.adac.de/rund-ums-fahrzeug/tests/reifen/sommerreifen/205-55-r16/alle-testergebnisse/

Тестовите за 225/50/R17 можете да ги погледнете тука:
https://www.adac.de/rund-ums-fahrzeug/tests/reifen/sommerreifen/225-50-r17/alle-testergebnisse/

Повеќе детали за Semperit Speed-Life 3 новиот модел можете да погледнете тука:
https://www.semperit.com/car/tyres/speed-life-3

Што се случи со најавата дека Hankook треба да извади нов модел од популарниот Ventus Prime K125 се уште не е познато. ???

Аdmin

Нарачани Bridgestone Turanza T005 со димензија 205/60/R16, стигнуваат во вторник.  :-\
avatar_Don добар избор сум направил?  8)

Don

Quote from: Аdmin on Mar 27, 2021, 05:13 PMНарачани Bridgestone Turanza T005 со димензија 205/60/R16, стигнуваат во вторник.  :-\
avatar_Don добар избор сум направил?  8)
Na 2 sluzbeni koli gi vozime veke vtora sezona i se top. Imame pominato po 40.000km i seuste se so dobra sara. Mislam deka si napravil odlicen izbor. Sigurno ke pomines 50.000km minimum.

Аdmin

Ќе правам слики и ќе видам искуства со нив, верувам дека ќе вршат работа. :-\
Чисто информативно 86€ по гума.

За 10-15€ поевтини беа Hankook што ги имаа веднаш на лагер, но не знам точно кој модел и си реков ај кога веќе и зимските се Bridgestone и овие нека бидат.  :)))

Аdmin

Гумите стигнаа за менување кај вулканизер ама падна снег и сега ќе го одложам менувањето за петок или евентуално наредна недела.  :(

Аdmin

Конечно ги заменив гумите со Turanza T005. Ќе поставам слики штом стигнам да се симнам и да ги сликнам чисти и подмачкани со K2Bold.  :)))

Во меѓувреме најдов многу добар тест, разлика помеѓу нови и стари гуми. Дали старите гуми можат да издржат уште две сезони?  ??? Не верувам!  :(


https://www.youtube.com/watch?v=ljySywFguSM

Извор:
https://www.zurnal24.si/avto/iz-druge-roke/test-za-odpiranje-oci-na-legalno-obrabljeni-nimate-moznosti-364680

Аdmin

AMZS тестовите од Словенија за летната сезона 2021 година:
https://www.amzs.si/motorevija/test/pnevmatike/2021-02-25-amzs-test-32-letnih-pnevmatik-dimenzij-205-55-r-16-in-225-50-r-17

Или резултатите од тестот на сликата доле:


Јас веќе си земав Bridgestone T005, а од поодамна во средна класа ги гледав или во мојот избор беа влезени Hankook Ventus Prime 3, Maxxis и Uniroyal. Pirelli не ги земав во предвид поради цената која веќе ја достигна на премиум класи гуми.

Mishel Antonov

A shto e poentata,gi nema Michelin???? Gledam reklama ,kade shto vikaat deka se testirani gumi vo Germanija,i continental bile izbrani za broj 1 brend ....otvaram... gi nemase Michelin......
p.s.letni vozam michelin primacy4, a zimski nokian  205 55 16.

Аdmin

avatar_Mishel Antonov ги има Michelin Primacy 4 и оваа година и се премиум гуми, само во конкуренција на друга димензија 225/50 R17
https://www.adac.de/rund-ums-fahrzeug/tests/reifen/sommerreifen/225-50-r17/alle-testergebnisse/

Сега колку проценти има реклама во овие тестови тешко е да се одреди.  ???
Инаку забелешката стои на место и не знам дали може тоа некогаш да го откриеме.

🡱 🡳

Similar topics (3)

76

Replies: 21
Views: 651

94

Replies: 7
Views: 470