avatar_Аdmin

Замена на возачка дозв. од Б категорија/Zamenjava vozniškega dovoljenja kategorije B

Started by Аdmin, Jun 09, 2020, 06:47 PM

Previous topic - Next topic

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Аdmin

ПРЕПИС ИЛИ ЗАМЕНА НА МАКЕДОНСКАТА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА СО СЛОВЕНЕЧКА ЗА Б-КАТЕГОРИЈА

До денес македонските возачки дозволи од Б-категорија се уште не се признати во Р. Словенија и поради тоа мора да се направи препис или замена. Законот дозволува постапката за замена на возачката дозвола да започне после 6 месеци регулиран престој во Р. Словенија и таа да заврши до 12 месеци од престојот. Има случаи кога овој временски рок е пробиен, но никој не може да гарантира дека за тие случаи нема да наведат некои посебни услови во врска со замената.

Потребни документи за препис од македонска во словенечка дозвола:
  • валидна возачка дозвола
  • лекарско уверение
  • ваша фотографија со димензија 3,5 x 4,5cm
  • административна такса €18,10 и образец за возачка дозвола (€3,27)
  • доказ дека сте биле резидент/жител во земјата од каде сте ја земале возачката дозвола најмалку 6 месеци пред земањето на дозволата
Извор:
https://infotujci.si/vkljucevanje-v-slovensko-druzbo/motorna-vozila/voznisko-dovoljenje/
Покрај овие документи што се објавени на страната за infotujci, потребна е потврда и за неказнуваност за сообраќајни прекршоци од МВР преведена на словенечки.
Уште еден дел од Законот за возачи (ZAKON O VOZNIKIH). Клучни членови се 66 и 67.



Извор:
http://www.pisrs.si/Pis.web/pregledPredpisa?id=ZAKO7164

🡱 🡳