Nov 29, 2020, 08:00 AM

News:

Добредојдовте на renaultclub.mk, форумот е во изработка ве молиме за трпение.


avatar_Аdmin

ПРАВИЛА

Started by Аdmin, Jun 02, 2020, 12:22 AM

Previous topic - Next topic

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Аdmin

Jun 02, 2020, 12:22 AM Last Edit: Jun 30, 2020, 08:15 AM by Аdmin
ПРАВИЛО #1
ТОЛЕРАНЦИЈА
Строго се забрануваат дневно политички теми или постови кои содржат верски, национални или други видови навреди. Затоа ТОЛЕРАНЦИЈА е најважното правило на овој форум. Пред да се регистрирате се согласивте на следниве услови:

Quoteдека нема да објавувате материјал што е лажен, клевета, неточен, навредлив, вулгарен, омраза кон некого, вознемирувачки, непристоен, сексуално ориентиран, заканувачки, напад на приватноста на една личност, адулт материјал...

Тоа значи, да ги оставите сите горенаведени работи пред да се најавите на форумот.
Ќе можете да си ги земете назад при вашето излегување. 
Сите сме тука за дружење и сите се држиме за раце... односно сите се сакаме.  :)

За прекршувањето на ова правило прво следува опомена, а потоа бан!

ПРАВИЛО #2
ВОЗРАСТ И ЛОКАЦИЈА
Уште едно правило кое го практикуваме, а тоа е ВОЗРАСТ и ЛОКАЦИЈА. Овие информации можете да ги внесете на вашиот профил преку следниве патеки:
  • Profile -> Profile details -> Birthdate
  • Profile -> Profile details -> Location

ПРАВИЛО #3
RENAULTCLUB КУЛТУРА

За секој нов член се отвара нова тема во која му се посакува ,,Добредојде на форумот". Од општа култура добро би било да одговорите со ,,добро ве најдов" и/или да започнете со ваше претставување и да им овозможите на членовите подобро да ве запознаат.

ПРАВИЛО #4
КОРИСНИЧКИ ИМИЊА/USERNAMEs
  • Забранети се мултипрофили!
  • На форумот секој има право да користи username кој му дава одредена доза на анонимност пред гостите на форумот. Доколку тој член не сака да го користите неговото вистинско име, тогаш не го користите. За да го користите неговото вистинско име, треба да имате потврда преку приватна или јавна порака.

ПРАВИЛО #5
ПОСТИРАЊЕ
  • Офтопикот е забранет. Може да се толерира до одредена граница, но да не претеруваме со него. Има посебен борд и за него, но тоа не значи таму да се опуштите.
  • Трудете се да пишувате точни и проверени информации затоа што не е во ред членовите и/или гостите да ги однесете во заблуда.
  • Пишување со уклучен CAPS LOCK значи викање во интернет/форум комуникација. Затоа не пишувајте со големи букви.
  • Доколку сакате да пренесете некоја објавена содржина од друга веб страна или форум, задолжително наведете го изворот. Не сакаме никој да има проблеми со авторски права, ниту ние, ниту вие и затоа пред регистрирање на форумот сте се согласиле дека:

    QuoteВие сте одговорни за содржината објавена на форумот. Покрај тоа, вие се согласувате да ги обесштетите и да не им наштетите на сопствениците на овој форум
  • Доколку сте објавиле мислење/пост и сакате да го надополните или измените, постои опција "Modify" и тоа можете да го направите во првите 15 минути од објавувањето на постот.
  • Се забранува копирање и постирање на материјали во целост или делови од RenaultClub без дозвола од администрацијата.
  • Се што ќе објавите на форумот е на ваша одговорност!
  • Администрацијата го задржува правото да брише/менува теми/мислења без претходна најава. Правилата се кратки и јасни и секој член треба да ги почитува.



Sorry but you are not allowed to view spoiler contents.

🡱 🡳