Mar 05, 2021, 10:44 PM

News:

Follow us:


RENAULT LAGUNA III 2.0dci

Started by viktor dimitrov, May 31, 2020, 07:38 PM

Previous topic - Next topic

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

viktor dimitrov

May 31, 2020, 07:38 PM Last Edit: May 31, 2020, 07:46 PM by admin Reason: Корекција на линк за прикажување на сликата.





https://postimg.cc/gallery/44B4pys
RENAULT LAGUNA III 2.0dci 173hp 2010 година, опрема paris initiale
од опрема за оваа кола колку и да пишувам сигурно нешто ќе испуштам  :) само нема сончев кров
-централно со далечинско
-серво волан
-абс кочници
-ESP
-ASR
-воздушни перници на секој ќош  :)
-паркинг сензори напред и назад
-двозонски климатроник
-full xenon
-автоматски светла
-автоматски бришачи
-електрични ретровизори со електрично автоматско собирање
-KEYLESS GO (картицата ти треба само да ја носиш во џеб воопшто не ја користиш ни за заклучување, ни за отклучување, ни за палење)
-греачи на се (задна шофершајбна, предна шофершајбна, ретровизори, седишта, грејачи на парно кога е сеуште незагреана колата)
-седишта со електрично подесување и меморија
-автоматско затемнување на ретровизори
-автоматски менувач со 6 брзини
-автоматска рачна кочница
-темпомат+лимитер
-фабричка навигација
-bluetooth
-cabasse sound system радио со цд шаржер од 6 цедиња со мп3, одличен звук и еден куп опции како на пример child sleeping
-кожени седишта
-кожен волан и менувач
и така натаму сигурно сум заборавил нешто

Оваа лагуна ја имам од јануари 2020 година увезена е од Словенија со возење
дефект досега нема освен што уште кога ја земав софтверски ги исклучив EGR и DPF и заменив стабилизатори напред
од досегашното мало искуство можам да кажам дефинитивно најдобриот автомобил од рено што сум го имал досега, колата просто воодушевува и со перформанси и со опрема.
Поради ситуацијата со вирусот немав сеуште можност да патувам со неа на подолги релации освен оние 1000км од Словенија до Македонија.
За одржување е поскапа од лагуна 2, зборам за редовен сервис филтри, масло, каиши (ребраст каиш нема, на ланче е моторот)
ова ми е прва кола со автоматски менувач и едно е сигурно дека со мануелен менувач повеќе нема да купам кола

Аdmin

Со здравје и долго да ја извозиш. Значи поновите реноа вредат за парите иако половни пошто претежно купуваме половни коли. Оваа ептен со full опрема... нема што нема во неа.  8)

Греачи на седишта? Уф... мерак во зима.  :D

Quote from: viktor dimitrov on May 31, 2020, 07:38 PMи едно е сигурно дека со мануелен менувач повеќе нема да купам кола
Држам среќа мојата сопруга да не го прочита овој дел. Одма ќе побара автоматик. ;D

🡱 🡳