Mar 05, 2021, 11:28 PM

News:

Follow us:


RENAULT LAGUNA II 1.9dci

Started by viktor dimitrov, May 31, 2020, 07:03 PM

Previous topic - Next topic

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

viktor dimitrov

May 31, 2020, 07:03 PM Last Edit: May 31, 2020, 07:08 PM by admin Reason: Корекција на линк за прикажување на сликата.



RENAULT LAGUNA II 1.9dci 120hp 2003 година опрема expression
Од опрема има
-централно со далечинско
-серво волан
-возушни перници многу незнам колку се  ;D
-абс кочници
-ESP
-ASR
-паркинг сензори назад
-мануелен менувач со 6 брзини
-клима мануелна
Овој автомобил го купив во 2011 година го увезов од Швајцарија со возење, таму го земав со расипан менувач неќеше во 6та брзина па од Хрватска и 5та неќеше ама важно стигна до Македонија  ;D
Менувачот одма го сменивме со половен и до сега нема гајле
Друг дефеци имав со
-EGR вентил, два пати го чистев третиот пат го исклучив софтверски и од тогаш нема проблем
-пукна црево на турбото
-менував соленоид вентил исклучуваше турбото
-поправавме абс пумпа се менуваше на неа некој отпорник бидејќи светеше сијаличката за ЕСП
за лагуната можам да кажам супер лимузина за патување, економична, брза, стабилна, единствена маана ми е што нема темпомат
можам да кажам дека со неа цела Европа сум ја свртел
масло и ставам elf 5w 40 sxr не го троши воопшто, еднаш и ставив elf 5w 40 nf до наредно менување потроши пола литро
Оваа лагуна е со пониско ниво на опрема од останатите вакви лагуни меѓутоа главните работи за безбедност ги има сите
лагуна 2 е еден од најбезбедните автомобили и е првиот автомобил во неговата класа што има 5 ѕвезди на euro ncap crash test
Јас сум презадоволен од лагуната сеуште ја имам моментално има поминато 380 000км и не и фали ништо


Аdmin

Ги вметнав сликите во првиот пост.  ;)
Лагуна од секогаш ми се допаѓале, штета до сега немав можност да имам една од нив. ???
Сигурно за патување е прва лига... се гледа... лимузина е. :D  Штета што прекинаа со производство.  :( 
Мада замена за нив сега е Talisman. ::)

380.000km не се многу? Уште малку пола милион.  ;D
Браво!  8)

viktor dimitrov

километрите не се проблем за автомобил доколку навремено и правилно го сервисираш
на лагуната околу мотор и дизни не е чепкано воопшто
колата е 2003 година реалната километража е таа

Аdmin

Jan 19, 2021, 06:44 PM #4 Last Edit: Jan 19, 2021, 06:48 PM by Аdmin
@viktor dimitrov после долго време да ја активираме темава. ;)

Чисто информативно околу чистењето на дизните дали имаше некаков проблем па се реши да ги чистиш?
Дали има евентуални проблеми после чистењето? Дали е подобро да се стави адитив за гориво или сепак подобро е чистење на дизни? Колку чини чистење на дизни кај нас отприлика?

Неколку прашања што ми требаат одговор за мојот мотор 1.9dCi (96kw/131hp).  ;)

viktor dimitrov

дизни не е чепкано на колата, ЕГР вентил честев два пати и после го исклучив софтверски

Аdmin

Колку те чинеше чистење на EGR вентил и зошто го исклучи?

viktor dimitrov

Не ме чинеше ич сам си го чистев лесно се вади, а го исклучив за да не го чистам повеќе  ;)  тоа е трајно решение

Аdmin

Браво! Дали е комплицирано сам некој да исчисти EGR? Еве и другите членови да знаат што да прават со вентилите.
Има неколку видео клипови на интернет како се чистат EGR вентили, но дали секој може тоа да го направи?
Колку чини кај мајстор едно вакво чистење (груба/орентациона цена)?

За дизните што е подобро? Чистење или некој адитив?

viktor dimitrov

Ако малку од малку разбираш не е тешко на интернет има се  ;) а кај мајстор колку чини незнам, затоа го исклучуваш софтверски (околу 50 евра) и решен проблем не постои повеќе
За дизни поима немам не сум имал проблеми до сега незнам што совет да дадам

🡱 🡳