Mar 06, 2021, 12:56 PM

News:

Follow us:


avatar_Don

Renault Clio IV 0.9 TCe

Started by Don, Dec 23, 2020, 02:31 PM

Previous topic - Next topic

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Don

Dec 23, 2020, 02:31 PM Last Edit: Dec 25, 2020, 11:12 AM by Don



Renault Clio IV ph.2 Litimed Energy 0.9 TCe 75ks 2019 година

Размислував многу за нова или половна кола но и дали да земам бензин или дизел па се одлучив за нова и бензин, од искуство со "зачувани дизели баба што ги возела со 100.000км прв газда  :)))  и тие EGR, DPF, менување грејачи секоја зима итн...."
Сум имал неколку француски и неколку германски коли но француските имаат свој шарм. После оваа зедов германска, исто нова, но мислам дека грешка направив. Во опција беше 2020 Меган Limited 1.3TCe и една германска ама.....наредната сигурно ќе биде француска  8)


-Бензин 0.9 турбо со 75кс, еуро 6ц купена од Аутомотив Груп Скопје 2019
-Опрема Limited Energy
-Хромирани лајсни на багашникот и вратите, дел од заден браник и страници на врати во црна сјајна боја
-Дополнително затемнети задни стакла
-Мултиледија - Media Nav Evolution со навигација и мапи Адриатик (Србија, Косово, Босна, Црна Гора, Хрватска и Словенија без Македонија) и со Android Auto (супер опција за корисници на Waze/Google Maps) - опционално со доплата од околу 100 евра за целосна мапа на Европа (пак без Македонија)
-Предни и странични воздушни перници
-ABS+EBD, ESP, HSA помош за тргнување на нагорнини
-Електрични ретровизори со греење
-16" алуминиумски бандажи 195/55/16 со фабрички летни гуми Goodyear EfficientGrip Performance, минатата зима ставив Sava Eskimo HP2 и се доста солидни зимски гуми
-кожен волан и рачка на менувач
Од производителот декларирана потрошувачка Потрошувачка (отворено/просечно/град) на 100 km  4.2 / 5.0 / 6.3 l Првите 4000км градска трошеше околу 10 а после тоа околу 7,5 до 8, на отворено околу 6 до 6,5 но никако 4,2  ;)

Аdmin

@Don прекрасно количе и со здравје и долго да го возиш, особено што го имаш земено ново и си прв газда. Секоја чест! (y) Мислам дека нема подобра кола за во град.  ;)  И бела боја многу убаво му стои. ::)

Quote from: Don on Dec 23, 2020, 02:31 PMменување грејачи секоја зима
Кај дизелите нема веќе менување грејачи секоја зима. Сега има [glowplugs] кои директно се загреваат во моторот. ;)

Quote from: Don on Dec 23, 2020, 02:31 PMСум имал неколку француски и неколку германски коли но француските имаат свој шарм.
Француските се неприкосновени кога станува збор за удобност, прегледност, потрошувачка на гориво, економичност за одржување со делови и се... Не дека имам нешто против германските, но пример во конкуренција на Clio германските не нудат некоја посебна опрема, да не ги спомнувам седиштата на VW од кои многумина знаат да се пожалат. Моето Scenic иако е старо, сепак има Isofix седишта. Сум возел и Passat и Scenic ама удобноста е неспоредлива. Не знам колку пари треба да се доплати да се добијат не знам какви седишта во германска кола. Не велам дека се лоши, и тие се коли кои се докажани, но еве како нас има фанови на Renault и сме задоволни исто така и уживаме додека ги возиме.  ::)  (y)

Потрошувачката ќе се стабилизира со текот на времето. Пошто е нова кола само редовно да одиш на одржување и толку е.  ;)

пс-благодарам за претставувањето на твоето Clio, уште еднаш долго и многу километри да му извозиш. Ептен го личи белово.  ::)

🡱 🡳