avatar_Аdmin

Renault Scenic II 1.9 dCi (96kw/131hp)

Started by Аdmin, May 28, 2020, 09:45 PM

Previous topic - Next topic

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

Аdmin

May 28, 2020, 09:45 PM Last Edit: Jun 01, 2020, 05:00 PM by admin Reason: Промена наслов на тема
Еве да го претставам и јас моето Renault Scenic MK2 (Dynamique) од 2007 година купено во септември 2019 година.

  • мотор: 1.9 dCi 96kw (131hp)
  • моторно улје: ELF Evolution 900NF 5W-40
  • серво волан
  • магленки
  • нови фарови
  • гуми 205/60/R16 (зимски BFGoodrich, летни уште немам земено  ;D )
  • темпомат: нема
  • климатроник: да
  • брисачи: Bosch Aeroeco AE65, 650 mm
  • електрични подигнувачи на прозори на сите 4 врати
  • keyless картичка
  • поминати: 165.000km






ОСТАНАТО:
  • боца за гасење пожар
  • електрична пумпа за гуми
  • Dual USB car charger
    https://www.aliexpress.com/item/33002448672.html
  • Sonax средство за чистење на ентериер
  • футрола за keyless картичка
  • JINSERTA Bluetooth FM Transmitter претставено во оваа тема -> http://renaultclub.mk/index.php?topic=6.msg8#msg8


dobarden

Браво за страната што можеме да размениме информации за нашите миленици Рено. Колата ти е супер и баш си начекал со помала километража. И јас имам Renault Grande Scenic од 2007. И навистина се прекрасни коли, комотни и удобни.

Аdmin

@dobarden искрен да бидам во поудобна немам седнато. Претходно возев VW Passat B4 караван (малку постар модел), но ја немаше таа удобност. Се беше во ред освен што беше стара, на отворено дури и не трошеше многу (5-6 литри на 100km). Пред неколку години ја продадов, сега со ова Scenic 2 сум презадоволен.  :)

ivan-mkd

Top top!!!  :)

Аdmin

После една година пауза повторно заедно со мојот Scenic II. :)
Утре поминуваат 14 дена од карантинот и од задутре сум слободен. ;D
Изминатиов период успеав да нарачам неколку ситни предмети што можат да ми се најдат, а после ќе правам и еден сервис на колата. За сега ова го препорачувам, го земав за проба, а испадна супер за чување или фиксирање работи во багажник.




Аdmin

Nov 09, 2020, 03:52 PM #5 Last Edit: Nov 10, 2020, 09:50 AM by Аdmin
Одамна не сум ја ажурирал темава бидејќи немав време кога да седнам на компјутер и да ги објавам промените. Сепак еве ги со датум со сВе и доколку имате прашањa или забелешки слободно пишувајте (регистрирајте се).  :-\

МАЛ СЕРВИС - 03.10.2020 година
(okay) замена на масло за мотор - Elf Full Tech Fe 5W-30 (Acea C4/RN0720) наменето за DPF филтри.
(okay) замена на филтер за кабина (MAHLE LAK227)
(okay) замена на филтер за масло (1.5/1.9 dCi/MAHLE OC727)
(okay) замена на филтер за гориво (MAHLE KX206D)
(okay) замена на филтер за воздух (МAHLE LX957/3)
(okay) замена на задни дискови (MOTAQUIP LVBD1248)

СЕРВИС НА ПОДВОЗЈЕ - 21.10.2020 година
(okay) замена на спони на волан x2
(okay) замена на баланс штангли x2
(okay) авто-оптика или центрирање предница

ВО ПЛАН:
Во план имам да ги заменам сите 4 зимски гуми со Bridgestone Blizzak LM005 (205/60/R16) кои на тестирањата се покажаа како најдобри зимски гуми на веќе постоечките алуминиумски фелни. Ако не успеам да најдам добра цена за нив, тогаш во избор влегуваат Hankook Winter i*cept RS2 (W452) или Sava Eskimo HP2. Летни гуми ќе гледам кога ќе дојде време за летна сезона.  :-\

СЛИКИ
На крај да споделам неколку слики после двата сервиси и редовно одржување/миење.





За миење на фелните и затемнување на гумите користени се две средства на SONAX.




Во внатрешноста се заменети халогенските светилки со ЛЕД осветлување и сега е многу подобро со новото осветлување внатре. Сликите не се најдобар квалитет бидејќи е сликано ноќе без блиц со мобилен телефон, но во живо светлото делува многу подобро иако колку-толку може да се забележи разликата. Комбинацијата е направена да се добие топлина на светлина најблиску до сончевата. Во пракса секаде го избегнувам белото светло, односно од 4.000-6.000 келвини.




Аdmin

Dec 02, 2020, 11:02 PM #6 Last Edit: Dec 02, 2020, 11:04 PM by Аdmin
Да продолжам со промените иако се случија изминативе денови.

Промена на ЗИМСКИ гуми - 20.11.2020 година
Конечно и тоа се случи, дојде моментот да ги заменам гумите со Bridgestone Blizzak LM005 (DOT4320). Малку се изненадив за датата за производство ама мислам дека не можеше подобро да испадне. Чувството со новите гуми е како да имам нова кола. Многу полесно оди вртењето на волан и многу повеќе чувство во кривини во споредба со старите гуми. Значи на гуми никогаш не се штеди. Слики во прилог:





Корекција на кожата на воланот
Земав од интернет две кожи за волан, па едната ја откажав пошто решив постоечката да ја исчистисам и исполирам. Другата кожа стигна во меѓувреме, но не беше на нивото да седнам и да исплетам/користам за возење. За чистење користев микрофибер крпа, чист алкохол, вода и добро познатото средство на Meguiar's кое на крајот ептен добро ја среди работата, како на кожата од воланот така и маската/таблата во колата и останатите пластични/гумени површини завршија со квалитетно чистење. Резултатот од воланот е голем. Претходно имаше темно сива боја, после кожата смени боја во црна. Останува кога ќе има потопли денови повторно да ја негувам оригиналната природна кожа.  :-\

Слики во прилог:




За сега толку, следуваат уште промени. Stay tuned...  :-\

Аdmin

Dec 12, 2020, 10:43 PM #7 Last Edit: Dec 14, 2020, 10:35 AM by Аdmin
Quote from: Аdmin on Nov 09, 2020, 03:52 PMЛетни гуми ќе гледам кога ќе дојде време за летна сезона.
Да бидам искрен веќе почнав да гледам летни гуми уште од сега иако не е сезона за нив.
Во моментов фаворит ми се Bridgestone Turanza T005, но ќе видиме до 15 март што ќе се случи. Има доста време до тогаш, а треба да излезат и Hankook Ventus Prime 4 (k125) за наредна сезона.

Не е нешто нужно ама најверојатно ќе земам и патосници:
https://www.avtopreproge.si/gumi-tepihi/gumi-tepih-renault-scenic-ii-2003-2009?mfp=vehicle%5B40%2C198%5D

И гума за багажен простор:
https://www.avtopreproge.si/prtljazno-korito?mfp=vehicle[40,198],1f-generacija[400]


Аdmin

Dec 23, 2020, 08:31 PM #8 Last Edit: Dec 23, 2020, 08:40 PM by Аdmin
Се спремив за периодот што следува.  :)))



(okay) SONAX крпа за чистење
(okay) SONAX средство за чистење на фелни
(okay) Зимско средство за чистење на шофершајбна 5 литри
(okay) Гума (силиконска) на [CarCommerce] за чистење на шофершајбна

Аdmin

Денес се погоди убав сончев и топол ден, одлично време да се искористи за надворешно перење на колата. За чистење на бандажите користев Sonax Xtreme Plus (од постот погоре) и многу подобро делува од претходното во сива амбалажа Sonax Xtreme.

Силиконската гума некои ја користат и за надворешно сушење на бојата, но искрено мислам дека не е добра да се користи за таа намена. Таа е одлична за сушење на стаклата, голема е, доволно е еднаш да се помине и стаклата се чисти.

На крајот нормално се поминува и со крпа за подобро сушење и да нема траги од вода.

Ја искористив и можноста да го исперам и долниот дел од колата. За повеќе детали може да се погледне на сликите подоле.








Аdmin

Jan 06, 2021, 08:34 AM #10 Last Edit: Jan 06, 2021, 08:36 AM by Аdmin
Повторно нови работи за колата. Ситни делови, но се надевам за мала промена на подобро:

(okay) Bluetooth гаџет кој се конектира директно на радиото преку AUX излезот и доаѓа заедно со микрофон. Звукот е неспоредлив со претходниот FM Transmitter.
(okay) Паркинг тајмер, алатка за покажување на времето кога сум се паркирал. https://www.carpoint.nl/product/carpoint-parking-timer/
(okay) Брисачи Bosch AeroTwin бидејќи старите AeroEco не работеа добро на поголема брзина од 90km/h.
(okay) Mi Car Charger PRO 18W. Полнач за телефон, бидејќи стариот се расипа и овој пат земав од проверен бренд.

Клик на сликите за поголема резолуција:




🡱 🡳