Да ви го представам мојот миленик :) Renault Megane

Started by ivan-mkd, May 28, 2020, 01:06 PM

Previous topic - Next topic

0 Members and 2 Guests are viewing this topic.

ivan-mkd

You cannot see attachments on this board.You cannot see attachments on this board.You cannot see attachments on this board. mk2 2004год. 1.5dci 74kw
го имам од скоро можеби 6-7 месеци, до сега сум задоволен па за понатака ќе видиме :)
од опрема поседува:
-серво волан
-климатроник
-магленки
-електрични подигнувачи на прозорци(x4)
-електрични ретровизори со греачи и механизам за собирање
-темпомат и лимитер на брзина
-сензор за дожд
-сенсор на внатрешен ретровизор
-сензор за температура во кабина (a/c и парно)
-10 airbag
-keyless картичка
-панорама кров
-амбиент светло итн...

Аdmin

Супер кола... ретко имам видено Megane MK2 со сончев кров, темпомат... сигурно има и сензори за светла!?  :D 
Сите овие 1.5dCi мотори се погодија... сите истераа големи километражи.
Со здравје и долго да го возиш. :)

ivan-mkd

Да има сензор за светла сум изумил:) И ти исто така уште долго да си ја возиш

Аdmin

Како е со потрошувачка на гориво? Овие 1.5 мотори се покажаа доста економични.
Какви гуми имаш на него?  :)

ivan-mkd

Потрошувачка околу 6л/100км градска а отворено околу 4.5-5л/100км (зависно кој како вози)
Моториве 1.5 се доста добри ако предходно и редовно одржувани, иначе маана (од мајстори што ме советувале) да не се остава на малце гориво поради нежни дизни и тие највеќе страдале и да не се мачи моторот(се мисли на нагло стартување)
А гуми моментално со димензии 195/65/15 па за понатака се мислам овие фелни со оваа димензија да ги користам зимни а да земам 16ки за летни 205/55/16.. :)

Аdmin

Гориво не треба да се остава до последна капка, не чини за секоја кола.
Во гориво има и талог од кој после се затнуваат дизни, друго е кога ќе се размеша талогот во поголема количина, а друго кога наеднаш ќе влезе во дизните и тогаш доаѓа до дефект.

Инаку за гумите, што бренд користиш во моментов?
Леле ова со димензии човек да се изгуби, што е подобро 205/55 или 195/65. ;D

ivan-mkd

Моментално сава летна, а што се однесува на димензиите на гумите си 205/55 е малце постабилна и за на лето појше се користи, а 195/65 зимска зошто е повисока и потесна и нема да има мака да заглави.
Ако има некој поопширно да објасни бујрум :)

Аdmin

Sava UHP2? Колку време тераш со нив?
Ах за димензиите на гуми треба во посебна тема да пишуваме... само колку производители ги има на пазар, човек ќе го здоболи глава, а не па да гледа која каква изработка има... еластичност, комоција, потрошувачка на гориво... отвори друга тема во овој борд ќе пишуваме за гуми. https://renaultclub.mk/index.php?board=9.0



🡱 🡳