• Welcome to Renault Club - Macedonia. Please login or sign up.

Pozz forum!!

Started by ivan-mkd, May 28, 2020, 12:40 PM

Previous topic - Next topic

0 Members and 1 Guest are viewing this topic.

ivan-mkd

Здраво дечки, се викам Иван од Гостивар сопственик на renault megane 2 1.5dci 74kw
ќе ми биде задоволство да се дружиме да споделуваме искуства помош итн... :)

Аdmin

Тука сме... ти посакувам пријатен престој и дружба во Renault Club-от.  ;)

viktor dimitrov

Здраво друштво се викам Виктор од Виница.
Голем љубител сум на рено возила, некои веќе ми викаат дека е опсесија, јас искрено не мислам така, возам рено од повеќе причини
1. Многу удобни
2. Мека и убава вожња
3. Премногу опрема
4. Економични
5. Немаат сериозни дефеци (се разбира доколку домаќински се грижите со навремени сервиси)
6. Ценовно ефтини (се однесува на половни)

Сакам да возам удобно возило, безбедно, со опрема средено, ама не и да го платам 15000-20000 евра :)
Затоа мојот избор е рено

Со рено почнав уште поодамна прво рено во нашата фамилија (на мојот татко) беше рено 4 гтл уште од 1994год.
Во 2001 година купив рено 19 1.9дт 1995год. Го чував до пред 2 години,го продадов со расипана бош пумпа на 680000км
Во 2011 купив лагуна2 1.9дци караван 2003год. Ја имам сеуште моментално има 380000км и е во одлична кондиција
Во 2013 купив товарно комбе мастер 2.5дци 2008год. се користи за потребите на мојата фирма моментално има 230000км
Во 2014 купив канго 1.5дци 2005год. се користи за потребите на мојата фирма моментално има 390000км
Во јануари 2020 купив лагуна3 2.0дци карван 2010год. Paris initiale опрема автоматик, моментално има 235000км, Оваа лагуна е стварно спејс шатл, нема што нема по неа.
Наредно ќе биде талисман ама за едно 5-6 години кога ќе паднат по 4000-5000евра  :)

Да напоменам само возило од македонски плац и воопшто од македонски пазар не сум купил до сега, сам си ги увезувам.
19ката е од германија
Лагуна2 од швајцарија
Мастерот од словенија
Кангото од италија
Лагуна3 од словенија
   

Аdmin

Добредојде V и ти посакувам пријатен престој и дружба со форумот. :)
Искрен да бидам имаш големо искуство со Renault колите и затоа капа доле!  ;)
Ако сакаш можеш да отвориш теми за сите возила одделно, особено за последната кола (Laguna) пошто се надевам дека можеш да прикачиш и некоја слика од неа... или ако имаш и од постарите би било уште подобро.

Секоја чест уште еднаш... несекојдневен корисник, сериозно... не сум сретнал друг толку време и толку модели да возел од Renault.  :) 

Поздрав и се читаме на форумот.  :)

viktor dimitrov

Пробав да ставам слики ама не можев да се снајдам, ми вика големина на слика до 190kb

Аdmin

V во овој борд можете да ги претставите колите одделно и за секој модел слободно отворете нова тема.
https://renaultclub.mk/index.php?board=5.0

Слики обидете се да прикачите на следниов линк и после тие линкови објавете ги во постовите:
https://postimages.org/

 :)

X-terr

Здраво дечки!
Љубител на Рено веќе со години.
Предходно имав Меган 2003 1.5дци, сега имам Клио 2015 1.5дци.
Мило ми е што конечно има форум за споделување искуства и совети.

Аdmin

Quote from: X-terr on Jun 22, 2020, 03:22 PMЗдраво дечки!
Љубител на Рено веќе со години.
Предходно имав Меган 2003 1.5дци, сега имам Клио 2015 1.5дци.
Мило ми е што конечно има форум за споделување искуства и совети.

X Ти посакувам пријатен престој и дружба. ;)
Тука сме за дружење и споделувања искуства... па планираме да правиме и собиранки и стикери/маички ама треба да не има и поголем број. :)
Ако сакаш можеш да го претставиш твоето Рено во овој дел од форумот:
https://renaultclub.mk/index.php?board=5.0

Don

Zdravo decki,
Jas sum ljubitel na francuski vozila, imam xsara dizel, 206sw 1.4hdi, 2019 zedov novo Clio 0.9tce i sum prezadovolen. Se resiv za benzin zosto poveke go vozam niz grad. Prvite 4000km trosese 10l gradska a sega 8l/100km.

Аdmin

Здраво avatar_Don, добредојде уште еднаш.
Се проширува друштвото со Renault возила.  ;)
Кога можеш отвори си тема за Clio-то и ако сакаш претстави го. Јас отворив една и си терам секое инфо за мојот Scenic, ете го имам во потпис кој сака може да го погледне.  ;)

Уште еднаш ти посакувам пријатен престој и дружба на форумот.  ;)  (y)

marcheivanovski

Zdravo ekipa, jas sum Marko i lani kupiv Megane 3 coupe GT-line. Na izgled mi bese bas ludnica i mislev deka e najinternesnoto vozilo sto mozam da go zemam za budzetot sto go imav. Inaku ima 1.6 16v 110ps, se odluciv za toj motor poradi ednostavnoto i eftino odrzuvanje.

Аdmin

M слободно отвори си посебна тема за твојот меган и постави слики од него. Слободно сподели искуства околу него и како оди одржувањето...  ;)

🡱 🡳